Убавина

Како да ја изберете вистинската нијанса на кармин ?

„ Правилниот избор за кармин има три фактори: бојата на тенот, бојата на косата и обликот на устата“

Боја на тен – Прв критериум за избор на кармин. Бојата можеби нема да Ви се допадне, но подобро е да се совпаѓа со Вашиот тен. За оние со посветол тен, најдобар избор е карминот со боја за две нијанси потемна од коректорот. Ако тенот има жолтеникав тон, за вас идеални се боја на праска и беж. Ако имате блед тен, за Вас најдобар кармин бн бил оној со боја на вишна, вино, беж, светло розова, и светли тонови на кафеава боја. За потемните тенови, најмногу одговараат црвените тонови, нежна кафеава и светло розова боја. За маслинестите тонови одговара бојата на боровница. А ако имате изразито темен тен, одберете црвени нијанси.

Боја на коса – За бринетите и оние со потемни тонови на руса коса, складни се рубински црвените, флуоресцентно портокаловите и електрично/виолетовите нијанси. Косата на бринетите во комбинација со светло, одлична е за живи нијанси. Кај блондинките се препорачуваат светли нијанси, од сите бои, а црвенокосите одлично одговараат за жешко- црвени и портокалови кармини.

Облик на уста – Темните нијанси, ги прават усните потенки, па се препорачуваат кај жените со полни усни. Важно при бирањето боја на кармин, е и да е биде мат нијанса, за да не се постигне спротивен ефект. Ако имате тенки усни, изберете кармин со сјаен ефект. Евентуално, може да ги исцртате со молив, но внимавајте тоа да не биде над природната линија. Со посветли нијанси на кармин, може да додадете и малку сјај.

Write A Comment