Убавина

Како да ја користите пресата за коса за обликување 9 модерни фризури

Во продолжение ви прикажуваме неколку начини на кои можете креативно да ја искористите вашата пегла за коса.

1. Исправување

Разделете ја косата и почнете со исправување, но внимавајте да не земате пошироки делови отколку што е плочата за пеглање. Ставете си спреј за заштита од топлина и исчешлајте.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

2. Неуредни бранови

Земете еден прамен и навиткајте го вертикално на вашата пегла за коса, на начин како што е прикажано на фотографијата. Долниот дел од пеглата (каде што се наоѓа кабелот) нека ви биде свртен нагоре, почнете од близината на коренот и продолжете надолу. Кога ќе завршите, поминете со вашите прсти низ косата, така што ќе ги направите брановите неуредни и бушави. Сувиот шампон или солта ќе ви дадат мат текстура.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

3. Одлични бранови

Следете ги чекорите од вториот изглед (неуредните бранови), но користете четка за обликување и спојте го секој бран во еден.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

4. Гламурозни кадрици

Започнете од коренот, свртете ја пеглата за 360 степени и повлечете нагоре. Ставете мала шнола за да ја прицврстите на местото. Потоа испуштете ги и исчешлајте ја косата со четка.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

5. Ситни кадрици од плетенки

Исплетете неколку прамени од горниот дел на вашата коса, така што ќе оставите неколку сантиметри од коренот на косата да не бидат исплетени. Ставете малку лак за коса и оставете да се исуши. Потоа, поминете цврсто со пеглата, движејќи се нагоре-надолу неколку пати, па оставате да се олади. Отплетете ги сите прамени и поминете со прстите низ нив.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

6. Кадрици во коњско опавче

Разделете ја косата на средината или на долната страна, па потоа исправете ја како во првата прикажана фризура. Навалете ја главата наназад и исчешлајте ја косата така што ќе ја соберете во коњско опавче. Изберете случајни делови од косата и извиткајте ги во различни насоки.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

7. Бранови за кратка фризура

Косата, која треба да ви биде права, поделете ја на прамени и започнете од близина на коренот, каде што секој прамен ќе го направите во форма Ѕ и ќе го притискате со пеглата. Завршете така што краевите ќе ви бидат свиткани, за да добиете совршени бранови. Нежно поминете со четка за коса и ќе добиете прекрасен изглед.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

8. Неуредни кадрици

Земете неколку случајно избрани големи прамени и ставете ги во пеглата за коса во линија на окото, така што ќе ја држите под агол од 45 степени. Кога ќе биде затегната косата, свртете ја пеглата на 180 степени и оставете ја така една секунда, спуштете се околу 5 сантиметри и свртете 180 степени на спротивната страна, повторно останувајќи така една секунда. Повторете ја постапката на целата коса, оставајќи ги краевите да имаат бушав изглед.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

9. Нежни ретро-кадрици

Земете поголеми делови со големина колкава што сакате да бидат вашите кадрици. Намотајте ја косата околу два прста од краевите до врвот. Навиткајте ја косата и потоа затегнете ја со шнола за да се олади. Повторувајте ја постапката со останатите прамени. Потоа отстранете ги шнолите и поминете низ косата со вашите прсти.

Write A Comment