Тексас кошулите се секогаш во мода! Прекрасните тексас кошули се одличен избор за секакви комбинации. Едноставно, а класично – може да се носи на многу начини!
Комбинирајте ја тексас кошулата со различни материјали. Тексас со тексас можеби ќе изгледа по малку монотоно, но секој друг материјал и боја ќе го променат целиот изглед. Освен со панталони, тексас кошулата можете да ја носите и како јакна. Откопчана, а под неа некоја маичка. Тексас кошулата одлично одговара со сите бои, а особено со светлите летни бои. Можете да ја комбинирате со летни фустани, спортски шорцеви, здолништа, кожени панталони…































