Art & Crafts

Како да отстраните дамка од лак за нокти…

Често се случува при лакирање, да капнете на Вашето здолниште, на масата или каучот… Тоа не значи дека капнатиот лак мора да остане таму.

Колку побрзо реагирате, толку подобро, а и повеќето неопходни работи веќе ги имате дома.

Дрво – доколку капнете лак на дрво, немојте да користите отстранувач на лак за нокти бидејќи ќе го оштетите заштитниот слој. Напрскајте врз дамката многу лак за коса, оставете 20 минути да отстои и потоа избришете се. Можеби ќе мора да повторите повеќе пати, но подобро отколку да го оштетите мебелот.

Облека – Ова е најчест и најтежок проблем. Отстранувачот на лак за нокти може да реагира со некои бои и материјали па прво испробајте го на внатрешната страна од облеката. Ако всушност утврдите дека со него можете да ја исчистите, веднаш по употребата Вашата облека исперете ја. Ако не, пробајте со спреј за коса. Ако и ова не успее, последна варијанта е хемиското чистење.

Коса – Ако сте брзале и сте ги залепиле лакираните нокти во коса, а лакот сеуште не се исушил, може да користите отстранувач на лак за нокти без ацетон. Ако лакот се исушил, измасирајте ја косата со малку балзам или масло, се додека лакот не се отстрани.

Тепих – Ако Вашиот тепих е бел, односно светол, мора да употребите отстранувач за лак без ацетон. Ако се плашите дека отстранувачот ќе предизвика некаква реакција, ставете малку лак за коса или алкохол и потоа, земете сунѓерче кое ќе ја впие течноста. Не откажувајте се ако согледувате дека на ваквиот начин дамката излегува.

Напиши коментар