Да сторите се, за тој да Ве засака е едно…но поголем предизвик е да Ве засакаат неговите. Кога ќе се заљубите, следниот чекор е да ја придобиете неговата фамилија….Ви предлагаме пет совети кои ќе Ви помогнат неговата фамилија да Ве заскаа исто како и тој…
Останете повремено насамо
Ова е најверојатно најважниот чекор што може да Ви помогне да се зближите со неговите. Ако можете, останете насамо со неговата мајка. Влезете во кујната додека вари кафе…Ќе ја цени Вашата директност и ќе се зближите повеќе.
Понудете помош
Вашето момче може да Ви каже и спротивно, но сепак помогнете…Направете салата, однесете го јадењето во кујна…Тука ќе покажете дека сте грижливи.
Поделете комплимент
Особено пред неговата мајка…ова може да Ви отвори многу врати и да ви помогне да ја „освоите“ побргу. Но не претерувајте, ограничете се на она што навистина сте го забележале.
Останете во контакт
И после неколку денови, после вашата средба, најдете време да се јавите на неговите родители. Гестот, Вашата култура и домашно воспитување, ќе бидат пресудни..Кажете дека Ви е мило што сте се запознале и пофалете го јадењето на мајка му- Вие сте завршиле голема работа.
Повторување
Една средба не е доволна за да ги освоите нивните срца. И да не сте имале некое убаво искуство, и да сте незадоволни, ќе мора и наредниот пат да бидете упорни и со овие неколку мали тактики да им влезете под кожа.
