Бројот на разгалени деца се зголемува со бројот на жени кои стануваат мајки во поодмината животна доба, но и со „економскиот бум“ кој им овозможува на децата купување многу повеќе од порано.
Меѓутоа психолозите не се согласуваат и тврдат дека не е проблемот кај парите. Феноменот на разгаленост не е поврзан со економската ситуација на фамилијата бидејќи истиот се јавува и кај семејствата кои не располагаат со толку средства.
Нивната дефиниција се состои во тоа дека тоа се деца кои не се научени да го прифатат и разберат постоењето на другите. Значи, Вашето дете може да се смета за разгалено доколку со успех прекине некој од Вашите телефонски разговори, бидејќи токму во тој момент има „значајно“ прашање или барање кое треба да резултира со Ваша реакција. Тоа е доказ дека бара потполно внимание само за себе.
Кога „не“ станува „да“
Непотребното поклонување и купувањето скапи играчки имаат свој допринос. Психолозите велат дека кога луѓето нешто добиваат, позадоволни се ако ја знаат причината за наградата, односно нивната заслуга. Суштината се состои во тоа родителите да знаат кога да кажат да, а кога не… А најлошо е кога не ќе стане да, тогаш ќе бидат спремни на попустливост. Не мора да престанете со купувањето играчки. Едноставно намалете го нивниот број.
