← НАЗАД НА БОЗА

Како до прекрасен бронзен тен

Како до прекрасен бронзен тен
389 Читања

Еден од начините да добиете совршен бронзен тен секогаш е постепено и паметно изложување на сонце и впивање на витамин Д.Се разбира дека пред тоа морате да запазите некои работи за да не дојде до изгореници и оштетувања на кожата.

Сончањето со природни масла е најздрава опција но се разбира мора да ги почитувате основните правила и да го избегнувате сонцето во попладневите часови, задолжително наносување на крем со повисок заштитен фактор како и хидратацијата.

За да го добиете посакуваниот тен од голема важност е и да ја подготвите вашата кожа за изложување на сонце.Пилингот во овој случај е клучен.Кожата треба да биде чиста пред нанесување на маслото за сончање и се препорачува само по 10-15 минути сончање за секоја страна од телото.Почнете постепено а посебно бидете претпазливи доколки имате поблед тен.

Едно од најдобрите масла за брзо потемнување е маслото од лешник, што содржи витамин Е и кожата брзо го впива.

Кокосовото масло се препорачува за оние со чуствителна кожа што сакаат што побрзо да добијат бронзен тен.

Добро познатото маслиново масло е секогаш добра опција а уште повеќе ќе ви помогне доколку го измешате со малку чист сок од морков и малку јод.

Доколу овие масла не ви помогнат и претерате со изложувањето на сонце па се здобиете со опекотини,пробајте со екстракти од зелен чај помешани со масло кои и покрај тоа што ќе ви помогнат во потемнувањето ќе ја омекнат вашата кожа и ќе ве заштитат од штетните УВ зраци.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk