Art & Crafts

Како до совршен градник ?

Девојки, жени…Модата се менува како годишните времиња, трендовите добиваат карактер на присила, а комфорот…веќе претставува ризик. Сепак, постои еден „дел“ од секоја жена кој никогаш не го трансформира изгледот. Можеби боите, материјалот и дезените- претставуваат „сладок проблем“ при изборот…но градникот, не само што никогаш не излегува од мода, туку е и вечен сопатник на секоја жена. Трендот на големи гради се прошири како вирус и веќе секоја жена во градникот пронаоѓа спас кој ќе и помогне при затегнувањето на градите и постигнувањето на „ гламурозниот “ пуш ап ефект. Градникот мора да биде удобен…90% од жените прават грешки при одбирањето градник. Следете ги следниве чекори и нема да бидете една од нив…

1. Измерете се над и под градите. Доколку добиете парен број, во ред. Меѓутоа, може да се случи и да не добиете парен број. Во тој случај додадете 1 сантиметар. Со ова, Вие сте ја одредиле големината на градникот.

2.Измерете го најистакнатиот дел од градите. Разликата од големината на градникот и големината на градите ја дава големината на корпите од градникот. Така, во зависност од разликата, големината на корпата би била А, B, C, D…Пример, ако разликата е 3, за Вас е градник C.

3.Задолжително пробајте го новиот градник пред да го купите. Додека не почувствувате пријатност во него, не ни помислувајте да го купите. Може да Ви донесе само неудобности.

4.Освен тоа како го чувствувате, многу е важно како Ви стои. Можеби сте незадоволни од Вашите мали гради, но градник со неправилна големина би можел да Ви донесе само естетски минус. И обратно…големите гради бараат прецизни и удобни корпи. Доколку одберете помали димензии само ќе ги сплеснете, замислувајќи се дека сте го постигнале пуш ап ефектот.

5.Имајте во предвид дека градите се еден од најнежните делови на Вашето тело. Затоа, секогаш бирајте квалитетни и меки градници кои ќе бидат Ваша втора кожа.

Write A Comment