Art & Crafts

Како фармерките да не ви пуштаат боја?

Фармерките од темен тексас се столб на класичната гардероба. Тие можат да бидат одлично парче за деловна, но и вечерна варијатна бидејќи се неутрална основа која лесно можете да ја комбинирате со ниски чевли или високи потпетици, соодветно, за да постигнете класичен, безвременски изглед. Но, за жал индиго бојата која се користи во процесот на боење може да биде пеколна за одржување. Имено, бојата на вашиот нов омилен пар фармерки може да остави траги на светлиот мебел, облеката, па дури и на вашата кожа. Со тек на време фармерките можеби ќе престанат да пуштаат боја, но целиот тој процес може да биде фрустрирачки здодевен.

Пуштањето на боја кај темните фармерки е вообичаена појава, без разлика на тоа од каде сте ги купиле и колку сте ги платиле. Сепак, постојат одредени трикови кои можете да ги примените за вашите фармерки да пуштаат помалку или воопшто да не пуштаат боја.

Првото нешто кое треба да го направите со новиот пар фармерки е веднаш да ги исперете. Никако не треба да ги облечете или закачите во плакар пред да почнете да ги третирате. Ќе забележите дека голем број од фармерките на етикетата имаат нагласено дека во процесот на боење е користена индиго боја, која може да пушти при перењето. На овие етикети најчесто се советува и веднаш да ги исперете фармерките.

Перете ги фармерите превртени во студена вода. Не користете топла вода бидејќи таа освен што ќе предизвика поголемо пуштање на боја, може и да ги смали фармерките. Студената вода делува многу поблаго на бојата.

Во студената вода додадете една шолја оцет. Оцетот ќе му помогне на материјалот да ја задржи бојата. Во најмала рака, оцетот може да го намали количеството на пуштената боја и можноста за оставање дамки на другите алишта и материјали.

Исперете ги фармерките рачно низ неколку води. Запомнете дека секогаш треба да ги перете превртени.

Ако вашите фармерки сеуште пуштаат боја и по овие чекори, можете да ги покиснете во студена вода и оцет, и да ги оставите да одстојат преку ноќ. Наполнете ја кадата со ладна вода и додадете неколку шолји оцет. Наутро исплакнете ги фармерките во студена вода.

При првото машинско перење перете ги фармерките засебно, без други алишта. Со ова ќе бидете сигурни дека бојата која може да пушти при процесот на перење нема да оштети други алишта. Додадете детергент за перење алишта во боја и пуштете ја машината на рачно перење со студена вода. Испраните фармерки сушете ги на закачалка за панталони, со цел да не го изгубат обликот и големината.

Доколку ги следите овие чекори најверојатно ќе го запрете пуштањето на боја, или барем ќе го намалите кочеството.

Запомнете:

  • Секогаш користете бел алкохолен оцет.
  • Секогаш сушете ги фармерките на закачалка за пантални, така што ќе ја здржат својата големина и облик.
  • Секогаш перете ги фармерките превртени во студена вода.
  • Перете го темниот тексас засебно, или во комбинација со темни алишта, за да не ги обоите другите алишта.

Write A Comment