Ако е дојден денот кога сте решиле да ја побарате раката на вашата сакана, најдобриот избор е прстен со розов камен. Ќе ви кажеме и зошто…
Според експертите ова е многу подобра алтернатива од класичниот прозирен камен. Сите нијанси на розовата боја се хит оваа година кога станува збор за тенденциите во областа на накитот и аксесоарите. Нијансите на оваа нежна боја присуствуваат речиси во сите најнови колекции на врвните брендови.
А сега да се вратиме на темата, односно да ви откриеме зошто овој прстен ќе ви донесе среќа. Според експертите тој треба да биде комбинација од розов камен, бело и жолто злато. Розовата боја е симбол на искрената длабока љубов или вечната љубов. Жолтата боја ја симболизира верноста, а белата ја претставува духовната врска што ве поврзува како и заветот даден пред Бога.