Со овие трикови ќе може да ги спасите вашите омилени чизми или јакна од антилоп, а не мора да ги носите на скапо хемиско чистење.
Ако површината од антилоп се навлажни со вода, најдобро е со крпа да се обидете да впиете што е можно повеќе од течноста, а потоа да оставите да се исуши на собна температура.
Ако се работи за мокри обувки, наполнете ги со хартија за бришење. На тој начин ќе ја задржат формата и постепено ќе се исушат.
Малите и суви дамки може да се обидете да ги исчистите со гума за бришење молив. Ако дамката е мокра, прво ставете хартиено марамче, па потоа притиснете фротирна крпа одозгора.
Дамката исчистете ја со влажна крпа и неколку капки јаболков оцет.
