Art & Crafts

Како најлесно да ги исчистите кристалните работи

Ништо не ja прави поубава трпезата во вашиот дом од предметите изработени од кристал, како што се чашите, вазните итн. Следете ги овие совети и вашите кристални предмети ќе изгледаат како нови, а  вашите гости ќе бидат воодушевени.

Чаши

Загрејте отприлика 2 шолjи со оцет во микробранова печка. Потоа оцетот ставете го во некој сад и потопете ги чашите во садот. Оставете ги 3 минути, а потоа исплакнете ги со вода. Избришете ги со мазна крпа.

7 copy

 

Вазни

За да ги исчистите тесните отвори на вазните, наполнете ја вазната со топла вода до половина. Потоа, додадете 2 лажици амонијак и ½ шоља бел неготвен ориз и протресете за смесата да се истријат сите страни на вазната. Оставете неколку минути да отстои, па потоа пак протресете ја. Потоа, истурете ја водата од вазната и исплакнете со топла вода.

6

 

Свеќници

За да го исчистите восокот од свеќите на вашиот свеќник, измијте го со жешка вода неколку минути, а пото восокот ќе се отпушти и ќе можете самите да го извадите. Или пак, оставете го свеќникот во замрзнувач неколку часа и после тоа восокот лено може да се извади.

5

Write A Comment