Motherhood

Како се гради карактерот на бебето?!

Темпераментот е оној дел од личноста што е дел од гените и го имаме уште од моментот на раѓање. Логично е тогаш да помислиме дека секое едно бебе доаѓа со индивидуалност, свој темперамент, кој бил генетски наследен.

Со текот на годините карактерот се развива под влијание на различните ситуации низ кои минува детето.

Макар и да ви се чини рано, бебето покажува свој карактер уште вториот месец од својот живот.

Можеби не умее да споделува вербално, како возрасните, но плачот, насмевката и гугањето исто така се форма на комуникација со светот.

Дали ќе реагирате брзо или пак ќе забавите, штом чуете детето да плаче, ќе биде знак за него што представува животната средина што интензивно ја проучува и како да се однесува за да преживее. Начинот по кој вие се однесувате со бебето уште од најрана возраст ќе ги постави основите на неговиот карактер што со текот на годините само ќе се моделира.

Бебето е како барометар за чувствата на мајката, ако таа го земе нежно во своите прегратки и му зборува нежно, тоа ќе биде смирено и ќе заспие гушнато во нејзините раце.

Но ако мајката не успее да ја контролира нервозата и гневот и бебете ќе биде нервозно, плачливо, напнато.

Затоа многу често се вели дека мајката на прво место треба да е смирена, ведра и насмеана. Така ќе помогне на детето да се адаптира побрзо и ќе го моделира правилно неговиот карактер.

Единствено од што има потреба бебето е љубов. Љубовта треба да зрачи од се што правите – дали го држите во раце, си играте со него, му пеете песничка, му зборувате, тоа нема да ги разбере зборовите, но ќе ја почувствува вашата љубов што еден ден ќе создаде човек со прекрасен карактер.

Напиши коментар