Motherhood

Каков е таткото на моето дете?

“Како каков? Тој е најдобриот тато на светот! “. Сигурно е така. Но, погледнете ги различните типови татковци, тоа не е за да му ставите етикета дека е еден од нив, туку за да му помогнете да стане навистина Супертатко. Ако најдете црти од даден тип, тогаш пробајте да поработите во соодветната насока. Родителството е постојан процес на учење, нели?

Тато – под заштита

Тука главниот командант е … мама. Таа секогаш знае што е потребно и како треба да се постигне. Во овој случај во очите на детето, таткото е исто така дете, бидејќи мама постојано му кажува што треба да направи. Без “налозите” на мама тој не смее ништо да преземе. Дури и капата не ја соблекува. Ваквата положба на таткото не е соодветен пример за детето, ниту пак е добар модел за семејство.

Тато – кловн

Не може да дочека да дојде викенд за да си поигра со детето. И овие игри продолжуваат до целосна исцрпеност (претежно за таткото). Според психолозите сепак улогата на таткото не се сведува на тоа, да се претвора во кловн и да го забавува семејството. Тој треба “да расте” заедно со своите деца и навремено да реагира на нивните промени.

Тато – надвор од домот

Во оваа група се вклучуваат разведените мажи кои поретко се среќаваат со своите деца. Ако меѓу детето и таткото нема постојани општи интензивни дружења, тие постепено се дистанцираат еден од друг. Совет за разведените родители: дури и да не сте во супер односи со поранешниот партнер, мора да се разговара меѓусебно за детето.

Тато – телевизор

Овој тип татковци се враќаат од работа и веднаш седнуваат пред телевизорот или компјутерот. Таквото однесување не е добро – особено ако сакате да ја задржите почитта и достоинството во очите на детето. Бидејќи во овој случај детето чувствува дека Ви значи многу помалку отколку компјутерот или телевизорот. Таквото однесување влева пасивност кај детето и тоа ќе остави негативен траг на неговиот живот.

Тато – мазохист

Подготвен е да прифати сè што ќе му приреди детето. Според психолозите, овој тип на татковци имале тешко детство и се плашат да не ја изгубат љубовта на сопственото дете. Но сепак: треба да умее да каже: “не”. Така и детето ќе е должно да научи да ја носи својата одговорност за извршените постапки.

Тато – надалеку

Понекогаш таткото треба да поминува долго време далеку од дома. Децата тоа тешко го поднесуваат, комуникацијата со него им е потребна. Затоа, дури и да сте далеку, одржувајте ја врската по телефон со Вашите деца. А кога ќе се вратите, детално раскажете им каде сте биле и зошто мора да одите далеку од дома. Ако не зборувате со децата за своите обврски, нема да можат да пројават интерес и разбирање.

Тато – копач

Живее за да работи. Се останато, вклучувајќи и семејните проблеми, останува во втор план. Мечтае никој дома да нема никакви проблеми, ништо да не го вади од рамнотежа, за да може мирно да работи и да гради кариера. Својата љубов кон детето ја изразува со подароци на посакуваните играчки. Тоа сепак не е доволна манифестација за внимание. Советот на психолозите: погрижете се кога имате дури и малку време да го поминете во пријатни активности со детето.

Тато – пријател

Редовно оди со детето на фудбал, на кино, тој е човекот кој го учи да вози велосипед и да го лета змејот. Обично е иницијатор за сите семејни активности. Секако, детето е радосно од заедничката програма, среќно и гордо дека тато е со него. Но, понекогаш детето има потреба да биде само или во друштво на своите другарчиња. Советот на психолозите: одлично е дека со задоволство го поминувате времето со детето. Но, не заборавајте дека детето, како и возрасните, понекогаш има потреба од осамености да си поигра само со пријателите.

Write A Comment