Мојата кујна

Капучино колач

Состојки:

– 500 г.бисквити
– 50 г.капучино во прав
– 2,5 дл.млеко
– 3 јајца
– 6 лажици шеќер
– 5 дл. слатка павлака

Приготвување:

1. Изматете ги добро јајцата со шеќерот, додајте ја слатката павлака и повторно матете додека да направите цврст фил.

2. Капучиното во прав прелијте го со загреаното млеко. Секоја бисквита потопете ја во смесата и наредете ги во садот каде што ќе стои колачот. Премачкајте со филот, па наредете нов ред од бисквитите.

3. Повторувајте ја постапката додека да го потрошите целиот материјал. Завршете со фил со кој ќе го прекриете колачот.

Напиши коментар