Студија на Центарот за статистика и истражување во Вашингтон на примерок од 10.000 Американци дојде со интересни факти кои ја откриваат тенденцијата за оформување на семејство наспроти амбициите за успешна кариера.
Имено 42 проценти жените од 35 до 64 годишна возраст тежат кон финансиски успех поврзан со нивната кариера за разлика од 1997 кога само 20 проценти се изјасниле позитивно од аспект на создавање на финансиска стабилност.
66 проценти од жените на возраст од 18 до 34 години, на прво место ја ставаат кариерата наспроти оформување на семејство. Исто вакво размислување имаат 59 проценти од мажите на истата возраст.
Денес во високо развиените западни земји 46,7 проценти од сите вработени лица се жени. Психолозите тврдат дека еманципацијата и се поголемите успеси во кариерата на жените довела до слабеење на популарниот „Пепелашка синдром“ според кој жените тежнеат кон сигурност и зависност од нивниот „Принц на бел коњ“.
Покрај амбициите за добра кариера, околу 94 проценти од жените веруваат дека клучно за нивната среќа би била да бидат добри родители. Исполнувањето на родителските активности и градењето на здраво семејство е клучната алка која ги поврзува кариерата и семејството. Кариерата носи сигурност за идното семејство, на прво место секако е економската сигурност.
Независноста во изградбата на кариера и семејство која денешната жена ја гледа како приоритет претставува тренд кој веќе 10 години по ред е вистински шок за демографските промени во општествата.
Според многумина ваквиот тренд влијае врз намалување на бројот на членовите на семејството, жената е онаа која се повеќе има влијание врз одлуките за создавање на семејство, и според тоа и врз намалување на традиционалното разбирање на семејството како институција.
Овој тренд со сигурност ќе продолжи крајниот резултат никој не може да го претпостави, но едно е сигурно… Мажите го губат она што со векови го имаа за задача… Да бидат темелот и сигурноста на семејството.
Од тука се поставува прашањето дали е точна народната поговорка „Тркалото се врти, некој пат си горе некој пат си доле“ …
