Доколку сакате да се чувствувате како во рајот, посетете го луксузниот Maia Resort на Сејшелите.
Ова луксузно одморалиште се наоѓа на југозападниот брег на главниот остров Mahe. Нуди фантастична услуга, а сместувањето е надвор од конкуренција. Погледот кој одовде се пружа е токму онаков каков што очекувате – како од рајот. Индискиот океан изгледа неверојатно кога ќе го погледнете од луксузната Ocean Pnoramic вила, која исто така има приватен инфинити базен, како и батлер сервис кој ќе го направат вашиот престој незаборавен.
Од областа која се протега од егзотичните брда до брегот на океанот, 30 луксузни вили ве очекуваат подготвени за уживање. Туристите кои ќе го посетет ова место, ќе можат да уживаат во познатата Maia масажа во Спа центарот кој е во балиски стил. Или, за оние кои сакаат рекреација, постои совршен простор за јога.