Мојата кујна

Ќофтиња од тиквички, сирење и ароматични зачини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 30гр презла

* сол по вкус

* 3гр бибер

* 3 стапчиња копар

* 2 чешниња лук (згмечени)

* 150гр сирење

* 2 јајца

* 1кг тиквички

* 2 лажици брашно

* 2 лажици презла

* 30гр масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Тиквичките ги лупиме и ги рендаме.
  • Ги посолуваме и ги оставаме да се исцедат.
  • Потоа, кон веќе исцедените тиквички го додаваме брашното, презлата, јајцата, сирењето, зачините и добро месиме.
  • Мора да се работи брзо, затоа што ако престои, смесата може да стане многу течна.
  • Обликуваме ќофтиња, ги тркаламе во презла па ги пржиме до добивање на златна боја од  двете страни.
  • Испржените ќофтиња ги оставаме да се исцедат на кујнска хартија.

Напиши коментар