← НАЗАД НА БОЗА

Кое е најдоброто место за поставување на новогодишната елка според Фенг шуи?

Кое е најдоброто место за поставување на новогодишната елка според Фенг шуи?
52 Читања

Ако и оваа година се двоумите каде да го поставите новогодишното дрво, послужете се со овие неколку Фенг шуи совети.

Најдобро место за вашата новогодишна елка се сите агли во вашиот дом или централниот дел од домот, каде ќе треба да се стабилизира празничната енергија.

Каде и да ја поставите вашата елка, внимавајте да не го попречите протокот на Чи енергијата, односно не елката не смее да ги блокира влезовите во домот и да биде преблиску до вратите.

2 места каде што не смее да ја поставите:

– Во ходник или соба каде го блокира движењето

– Близу до изворот на топлина

feng-shui-kade-da-ja-postavite-novogodisnata-elka-02.jpg

Според Фенг шуи начинот на уредување, триаголникот е облик на оган во ова верување, а затоа што новогодишната елка го има овој облик сите советуваат дека треба да стои во горниот лев агол од вашиот дом.

Овој дел од домот се смета за катче на богатството, а триаголниците како облик и дрвото како материјал, влијаат позитивно на атмосферата.

Поставувањето на елката во горниот лев агол (гледано од влезот на куќата или станот) ќе привлече богатство, просперитет и хармонија во вашиот дом.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk