Motherhood

Кога децата донесуваат одлуки…

Модерното родителство скоро потполно се разликува од она воспитување и однесување на мама и тато од пред неколку децении. Еден начин кој е често практициран од современите родители, а кој пред неколку децении беше практично незамислив и невозможен се нарекува „меѓугенерациска соработка“  и подразбира дека се почесто децата од мали учествуваат во донесувањето на важни одлуки во семејството.

Истражувањата покажаа дека децата одлучуваат за различни работи, почнувајќи од што ќе се јаде за вечера, до давање конечно да или не за изборот на апарати и мебел за домот…

Според истражувачите една од причините за овој „модерен“ феномен е економската криза, заради која децата се почесто во текот на денот се сами, па родителите за да се „искупат“ за времето кое го немаат и истовремено да ги научат да бидат самостојни, на децата им  даваат моќ на одлучување која е неприродна и непродуктивна.

Колку и да звучи овој однос убаво, треба да се обрати внимание на тоа колкава моќ му се дозволува на детето, бидејќи подоцнежните последици се енормно лоши. Имено детето нема и не треба да има чувство за пари се до неговата 7 – 8 година. Во тој период на животот детето треба да го разбере светот од друга перспектива, бидејќи парите носат среќа но трката по нив е за некое друго време од животот. Децата треба низ игра да го запознаваат светот на победници и поразени, на  обиди и грешки… и само на тој начин ќе ја разберат вистината на животот.

Затоа бидете вистински родители бидете со своите деца, среќата не се купува со пари колку и да е тоа излитено клише, пробајте да бидете она што навистина треба да бидете – родители кои треба правилно да го насочат своето дете и на тој начин да ги намалат фрустрациите и општествените „болести“ на современото време !!! 

Напиши коментар