← НАЗАД НА БОЗА

Кога треба вашето дете да добие мобилен телефон?!

Кога треба вашето дете да добие мобилен телефон?!
381 Читања

Често можеби сте слушнале: „Сите на училиште имаат мобилни“. Вие можеби ќе се запрашате, дали навистина толку пораснало вашето дете? Дали сега е вистинскиот момент кога треба да му се даде мобилен телефон?

Веќе и прво одделенчињата имаат мобилни. Дали тоа е луксуз или пак само потреба? Едно е сигурно немојте да му купите мобилен на вашето дете само затоа што сака да има или пак бидејќи сите на уччилиште имаат. Меѓутоа, психолозите сметаат дека има околности кога купувњето на мобилен телефон за вашето дете е оправдано.

Поголемата безбедност е еден од главните мотиви за многу родители. Доколку детето само оди на училиште, спортува, се враќа подоцна, или пак ниту едно од неговите другарчиња не живее во негова близина, тогаш е добро да се земе мобилен за него, па тоа да ве побара во било кое време.

Мобилните телефони ќе ви ја олеснат комуникацијата со детето, така ќе можете да проверите во било кое време дали стигнало на училиште, на тренинг  или слично.

Сепак, немојте да заборавите  дека тоа и немора да биде негов личен телефон. Прво можете да му го давате кога оди на тренинзи подоцна, доколку излегува со другарите навечер, а секако дадете му го вашиот стар  мобилен телефон, значи немора да се купува веднаш нов и скап упре.

Едноставно, одередете кои се тие ситуации кога сакате вашето дете да го има овој уред за комуникација.

Конечно, кога ќе одлучите вашето дете да има постојано мобилен треба да се договорите за правилната на неговата употреба, дека тоа не смее да се однесува кон него како кон играчка, треба да внимава на опасностите кои демнат во областа на мобилната комуникација. Немојте да заборавите дека предноста на мобилните телфони е дека во голема мера можете и вие да ги контролирате.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk