Нашиот вкус, кога станува збор за боите, е воден од нашиот карактер и нашиот надворешен изглед. Еве ви неколку совети кои ќе ви помогнат да се олучите која боја најдобро ви прилега:
Црвена: Црвената облека најдобро им стои на русокосите или на жените со светла коса и светол тен. Исто така црвената боја добро им прилега на бринетите кои имаат светол тен.
Темно сина: Темносината е силна боја, која треба да ја носите претежно за вечерни излегуваа. Оваа боја одговара на сите типови жени.
Розева: Розевата боја најдобро им прилега на оние со потемен или исончан тен.
Тиркизна: Оваа боја особено добро им прилега на оние кои имаат кафена коса, а добро пролега и на жени со потемен тен.
Киви-зелена: Им прилега на жени со темна коса, додека не одговара на жени со руса коса и светол тен.
Лимон-жолта: Како и зелената боја, оваа боја најдобро им прилега на жени со темен тен и темна коса. На русокосите повеќе им прилега потемна и мат жолта.
Кафена (чоколадо боја): Жените кои имаат маслинест или бронзен тен и темна коса особено се истакнуваат со бакарни и кафени тонови.
Сива: Оваа боја им прилега на сите жени.
Бела: Им прилега на сите жени, но најдобро им одговара на оние со темна кожа.
Црна: Црната е омилена боја на жените. Таа едноставно им одговара на сите, совршено ги прекрива недостатовите и визуелно го издолжува телото и го прави повитко.
