← НАЗАД НА БОЗА

Колку долго трае слабеењето?

Колку долго трае слабеењето?
319 Читања

Ова е прашање што сите кои имаат вишок килограми ги мачи. Одговорот е едноставен: треба да се биде упорен!

Како што и знаете исхраната е клучна во комбинација со редовното вежбање. Ако навистина сакате да ослабете никако не треба да бидете мрзевливи и да се откажете после првите неколку обиди. Слабеењето е промена на вашето тело на кое се разбира потребно му е време за да почне да делува како што треба. Голем број на луѓе пробуваат да ослабат со години и не им иде но најверојатно не прават нешто како што треба. Слатките искушенија и мрсната храна се разбира дека не одат во ист кош со слабеењето. Тоа е комплициран процес, но доколку се придржувате до правилната исхрана нема да ви представува проблем. Вистина  е дека сме слушнале за личности кои ослабеле јадејќи само салати што не е точно. Правилното слабеење ги опфаќа сите намирници со смален обем на мастите и шеќерите.Вежбањето се разбира дека е важно макар и било само кардио како пешачење или трчање.Било каква вежба во комбинација со правилна исхрана може да ви го даде телото кое го посакувате но треба да бидете трпевливи и да и дадете време на таа промена. Не се откажувајте!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk