Сите знаеме дека пушењето е навистина лошо за нашето здравје, а последното истражување октива и колку навистина е лошо, односно колку клетки ќе доживеат ДНК мутација.
Истражувањето го направиле научниците од Los Alamos National Laboratory во кое ги анализирале и споредувале ткивата на белите дробови на пушачи со луѓе кои не конзумираат цигари.
Како што тврди истажувањето, кутијата цигари која што се пуши дневно доведува до 150 мутации во клетките во белите дробови секоја година.
Покрај горе наведените 150 мутации кај пушачите се откриени и: 97 мутации во грлото, 23 во устата, 18 во мочниот меур и 6 во црниот дроб.
Според истражувањето сите овие мутации ги дефинираат како потенцијален рак.