Речиси секој би сакал да допре до тропските плажи, кристално чистата вода и палми, додека гледа слики од некои крајбрежни рајски места. Многу од овие плажи и острови, на кои припаѓаат, се претворени во луксузни и скапи летувалишта. Има, меѓутоа, и такви области, кои се оставени недопрени од туристите.
Пример за такви места се островите во Јужното Кинеско море, заливот на Тајланд, познат како Сијамски, и бреговите на Камбоџа. Повеќето остануваат неразвиени – осамени оази, декорирани со шуми, гребени и блескаво бели плажи.
Веќе сме ви раскажувале за комплексот SonG Saa, изолиран на истоимениот приватен остров со прекрасен воден пејсаж. До него се стига само за 35 минути со чамец од пристаништето на Sihanoukville.
Како гости може да уживате во прошетки, живописни зајдисонца и топли ноќи крај морето. Ако сте со партнерот, нема ништо посоодветно и романтично од вечера на брегот, која персоналот на комплексот може да ви ја организира.











