Кожната гардероба е присутна во колекциите секоја сезона, особено во модата за студените месеци. Кожното здолниште би било еден непогрешен прилог во вашата гардероба. Тоа може да биде во А-форма, тип молив, кратко или долго до земјата.
Сигурно се прашувате со што да го комбинирате кожното здолниште, за да не изгледате премногу евтино или премногу официјално? За во канцеларија или за вечера е погодно здолништето од типот молив. Тука може да пробате различни бои,но имајте во предвид дека кафената ќе ви даде повеќе софистициран изглед, соодветен за работната средина.
Додатоците како капа или чанта во неутрална боја ќе го зајакнат акцентот на кожното здолниште.
Нема да ги пропуштиме и високите до колена кожени чизми, кои се идеално дополнување на кожното здолниште.