Новости

Криси Тајген со торта и целосно гола го изненадила сопругот во хотелската соба по неговиот концерт

Криси Тајген одлучила да го изненади нејзиниот сопруг Џон Леџенд по повод “Денот на таткoвците” и многумина се согласуваат дека таа дефинитивно успеала во тоа.

31. годишниот модел ненајавено се појавила во Бостон, каде што Џон имал концерт. Криси го чекала во хотелската соба целосно гола, држејќи торта во раце на која пишува “Happy Father’s Day”.

Телото го затскрила со чаршав, а многу од нејзините фанови биле воодушевени токму поради фактот што Криси речиси и да немала шминка на своето лице.

Под фотографијата напишала: “Успешно го изненадив Џон со тајната посета во Бостон”. Инаку Криси и Џон се запознаа во 2007-мата година, а се венчаа во 2013-та. Минатата година тие ја добија ќерката Луна.

 

Напиши коментар