Здраво тело

Лек за чистење на камења од жолчката

Камен во жолчката обично се формира во случај на пореметување на празнење на жолчното кесе. Од камен во жолчката почесто заболуваат жените отколку мажите, бидејќи женскиот хормон естроген го успорува лачењето на жолчните сокови.

Најчестите симптоми на камен во жолчката се болка во абдоменот во облик на печење на десната страна под ребрата, гадење, горчлив вкус во устата и главоболка. Постојат луѓе кои и покрај фактот дека го имаат овој проблем, не чувствуваат никакви симптоми, но не постои гаранција дека никогаш нема да ги почувствуваат.

А еве го и рецептот за разбивање на каменот во жочката:

Потребни состојки:

*250мл прав мед (без шеќер)

*250мл права ракија од сливи (без шеќер)

*250мл маслиново масло

*250мл сок од лимон

Подготовка:

Во еден сад ставете го медот, маслото, ракијата и сокот од лимон и добро измешајте ги да се соединат. Откако ќе се соединат ставете ги во стаклено шише од 1 литар. Тоа е целата подготовка.

Употреба:

Можете веднаш да го употребите. Се користи два пати на ден по три лажици пред јадење.

Напиши коментар