Вообичаено лакот од ноктите се вади со помош на ацетон и памук или газа, но многу често во таквата постапка може да завршите со обоени прсти и кутикули, потрошено цело пакетче памук.
Наместо сето тоа обидете се да изведете нешто многу попрактично и полесно.
Извадете десет мали парчиња памук, за секој прст по едно и натопете го во ацетон. Потоа залепете ги врз секој нокт.
Оставете некоја минута да се исушат убаво и одлепете ги со еден потег. Така, лакот од целиот нокт ќе биде наеднаш отстранет.