Мојата кујна

Летна лазања со зеленчук

Потребни намирници:

1 пакет кори за лазања

400 гр микс од зеленчук

Кромид, моркови, грашок, тиквички, пченка, пиперка, печурки, компир…

3-4 супени лажици зејтин

500 гр доматен сос

200 гр кашкавал

Сол и црн бибер

Малку босилек

За бешамел сосот:

100 гр путер

1 пакетче крем супа од печурки

600 мл млеко

Зеленчукот се обарува во зејтинот и малку вода, се додава сол, бибер и останатите зачини, а на крај се додава сосот од домати – треба да се добие сочна смеса. Се приготвува бешамел сосот –,от се растопува, се додава сувата смеса од крем супата наместо брашно и се разредува со пресно млеко и притоа се меша постојано за да не се направат грутки. Кашкавалот се ренда. Дното на тавата во која ќе се пече лазањата се покрива со сос бешамел. Следи подредување на пластови со кори, врз нив слој од зеленчуковата смеса, повторно кори, бешаме, кашкавал, зеленчук и.т.н. на крај се завршува со доматен сос и повторно бешамел. Над последниот слој се ренда обилно кашкавал. Лазањата се пече на 200 степени околу 30 минути.

Напиши коментар