← НАЗАД НА БОЗА

Лиснати ролнички со нутела и лешници

Лиснати ролнички со нутела и лешници
34 Читања

И вие може да бидете права домаќинка и да поддготвите нешто навистина вкусно…

Потребни состојки:

–       ¾ шолја нутела

–       ½ лажица екстракт од ванила измешана со вода

–       3 кори лиснато тесто

–       ¾ шолја сецкани лешници

–       растопен путер

–       шеќер

Подготовка:

Пред се одмрзнете ги лиснатите кори. Не треба да бидат ни премногу тврди, ни премногу меки. Ставете ја нутелата во микробранова да се растопи околу 15 секунди. Додајте го екстактот од ванила и убаво промешајте. Секоја од корите премачкајте ги со нутела и посипете ги со лешници. Свиткајте ги во ролат и премачкајте ги со растопен путер. Исечете ги на парчиња и попрскајте ги со шеќер. Печете на 360 степени околу 15 минути. Внимавајте да не изгори тестото.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk