Нашите мајки се секогаш тука да ни бидат најсилната поддршка во животот, да не научат на животните лекции кои тие ги стекнале на потешкиот пат. Овие совети во продолжение се само едно мало делче од тоа ни го даваат секојдневно како лекција за љубовта.
Најпрво треба да се сакате себеси
Од вашата мајка можете да научите дека во една врска многу е важно најпрво да се сакате себеси и да останете независни. Не треба да се оддалечувате од своите соништа, туку да го создадете животот кој го посакувате. Треба да научите да се чувствувате удобно и среќни во своја кожа и со својот живот, затоа што сѐ друго ќе пропадне доколку не сте задоволни со она што сте.
Парите не се најважни
Парите не можат да ја купат вашата среќа и тие не се сѐ што ви треба во животот. Луѓето се оние кои ви се најпотребни. Некој може да ви го купи и целиот свет, но со тоа нема да купи љубов и внимание. Затоа, треба да бидете смирени и да ги цените луѓето, а не материјалните работи. Парите не можат да купат среќа, а со сигурност не можат да купат ниту љубов.
Го заслужувате најдоброто
Ова е исклучително важна работа која треба да ја запаметите во врска со љубовта. Вашата мајка постојано се бори за вас и се труди да ви овозможи сѐ најдобро, а со тоа ви покажува и што треба да очекувате од вашиот партнер. Откако ќе бидете научени колку вредите, ќе привлечете некој кој исто така ќе се однесува кон вас.
Никогаш не се спогодувајте
Ако тој не прави да чувствувате пеперутки во стомакот, ако не се однесува добро кон вас и ако не е љубезен и искрен, тогаш не треба по секоја цена да останувате со него. Никогаш не се задоволувајте со нешто помалку од тоа што го заслужувате. Доколку сакате некој кој ќе ви се јавува, ќе ви праќа бакнежи за добра ноќ и ќе сака да го посети вашето семејство, тогаш не треба да прифатите некој кој нема да го прави сето ова. Излезете и пронајдете го вашиот совршен партнер, затоа што немате причина зошто би се спогодувале за нешто помалку.
Можете да заминете во кое било време
Животот е премногу краток за да останете во врска која ве прави несреќни. Тој би требало да биде составен од среќа, радост и убави моменти, а не постојани кавги и незадоволство. Не постои оправдување. Доколку сте незадоволни, тогаш променете го тоа.
Не заборавајте ги останатите
Момчињата може да доаѓаат и да си одат, но пријателите ќе останат засекогаш. Многумина имале такво искуство кога мислеле дека конечно ја пронашле личноста со која би сакале да го поминат својот живот, но тоа завршило несреќно, па тие повторно се вратиле кај своето семејство и пријателите. Нема причина зошто би требало да изгубите контакт со која било друга личност во вашиот живот, затоа што некои партнери може да бидат привремено, а за тоа не вреди да ги изгубите вашите пријатели и семејството.
