Здраво тело

Лубеницата го намалува притисокот

Лубеницата е вксуно овошје кое треба освен заради добриот вкус и освежување да го јадеме и заради здравствените предности кои ни ги нуди.

Лубеницата е добра за здравјето, а особено за правилното работење на срцето.

Новото истражување кое беше спроведено на универзитетот на Флорида, откри дека амино киселините кои ги содржи лубеницата го зголемуваат протокот на крв во артериите. Освен тоа со редовно, секојдневно консумирање на лубеницата се намалува високиот крвен притисок, што значи дека лубеницата е многу повеќе од вксуно нискокалорично овошје.

Лубеницата одлично го прочистува теото од тоскини, заситува, што значи се препорачува на оние кои сакаат да ослабат но при тоа да внимаваат на останатата храна која ќе ја внесат, и штити од мозочен удар.

Напиши коментар