Art & Crafts

Магичната моќ на лакот за коса

Лакот за госа главно го користиме за зацврстување на косата и одржување на фризурата, но тој може да има и поширока примена. Дали сте знаеле дека со лакот за коса може да го продолжите векот на траење на хулахопките, да ги отстраните флеките од кармин, да извадите мастика од тепихот….

Карминот од кошулите или останатата облека може многу лесно да го отстраните. Само напрскајте го местото со лак за коса. Оставете десет минути да отстои, а потоа со рапавата страна на сунгерот истријте. Остатокот од лакот за коса ќе го исперете.

После секое перење на хулахопките напрскајте ги со лак за коса, тоа ќе го продолжи нивниот век.

Доколку сакате да го сочувате цветот или букетот од саканата особа само напрскајте го со лак за коса.

Доколку се залепи мастика на тепихот, само напрскајте со лак за коса. Оставете нека се стврдне и потоа ос нож или некој друг остар предмет извадете ја.

Напиши коментар