Мода

Мало жолто фустанче – must have оваа пролет!

Малото црно фустанче отсекогаш е фаворизирано како одличен избор за многу прилики, но се чини дека неговата популарност ова лето ќе биде заменета со малото жолто фустанче.

Модните критичари тврдат дека жолтата боја се враќа во мода, иако не може да се каже дека целосно била потисната и занемарена, особено во летните месеци. Сепак, доминацијата на жолтата боја оваа година ќе трае, таа ќе биде вистински хит и претстојната есен.

Малото жолто фустанче е навистина веродостојна замена за малото црно фустанче, бидејќи може да го носите во многу ситуации. Најдобро ќе ви прилега ако имате исончан тен, а одлично одговара со златен и сребрен накит.

Должината на фустанчето одберете ја според приликата, но најпрактични се фустанчиња до колена, бидејќи одлично одговараат и со високи потпетици и со рамни чевли.

Write A Comment

iptv satın al   iptv   iptv satın al   orisbet   tophillbet   padişahbet   goldenbahis   bahiscasino   iptv satın al   iptv   iptv