Доколку сте една од оние кои има проблеми со масната кожа ова е интересен совет за вас. Искористете ја сезоната на ова вкусно овошје и решете се од “вечниот” проблем со масна кожа.
Изматете една белка, додајте половина чаша колонска вода, и сок од свежо исцедена дуња. Со овој лосион чистете го лицето. Неверојатно колку брзо ќе забележите ефект.
Од дуњата исто така може да направите и маска. Најпрво ситно исецкајте ја дуњата и полијте ја со чаша вотка или 20% етил-алкохол. Оставете нека стои една недела. Потоа намокрете газа со оваа течност и ставете ја како маска. Заради алкохолот бидете внимателни во пределот околу очите.