Убавина

Маски за лице со кои кожата нема да ја осети зимата

Ладните денови ни претстојат, па затоа е добро со време да се спремите за нив. Кожата е онаа која е на удар на ниските температури. За да не дојдете во ситуација кога вашата кожа ќе биде сува и ќе се појават лишаи, спремете неколку видови на домашни маски за лице во зависност од типот на вашата кожа.

Маска за хидратација од портокал

Промешајте две лажици брашно со две лажици сок од свежо исцеден портокал, и смесата нанесете ја на лицето. Оставете ја 20 минути, а потоа измијте се со млака вода.

Краставица и мајчина душичка за осетлива кожа

Изблендирајте една краставица и неколку гранчиња мајчина душичка, нанесете ја смесата на чисто лице и оставете нека делува 15 минути. Измијте се со ладна вода.

Write A Comment