Убавина

Масла што ќе направат чуда за вашата кожа

Методите на чистење на лицето со масло во последно време сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста. Иако маслото може да биде причина и за масна кожа, во повеќето случаи тоа сепак дејствува смирувачки и хидрирачки.

Бадемово масло – природен навлажнувач

Бадемовото масло е одличен освежувач на сувата кожа. Брзо се апсорбира и го спречува губењето на влагата, а помага при намалување на подочниците предизвикани од замор. Богато е со витамин Е, кој го успорува појавувањето на брчките. Намачкајте го лицето двапати неделно со бадемово масло и темелно измијте го со вода.

Масло од авокадо – против стареење 

Ова масло е богато со витамините А, Ц, Д и Е, а посебно се препорачува за зрела кожа. Посебно е добро за летните денови бидејќи ја одржува кожата хидрирана. Доколку добиете изгореници од сонце, намачкајте се со масло од авокадо. Втријте го маслото во кожата и оставете го да дејствува, потоа измијте го со вода.

Масло од лаванда – за акни, убоди и изгореници

Маслото од лаванда содржи антисептички својства кои ќе помогнат кожата да се ослободи од акните, мозолките и сличните воспаленија. Ефикасно е и при лечењето на убоди од инсекти.

Масло од морков – за заштита од сонцето

Маслото од морков е богато со бета каротен, а ја одржува еластичноста на кожата и ја намалува штетата настаната од ултравиолетовите зраци. Ги отстранува токсините и на кожата и дава свеж изглед.

Масло од глуварче – за сува кожа

Маслото од глуварче е идеално за испукана и сува кожа. Ги смалува црвенилото, чешањето и брчките.

Напиши коментар