← НАЗАД НА БОЗА

Медена пита

Медена пита
56 Читања

Толку вкусна што и најголемите критичари немаат критика !!!

За тесто

1 јајце

50 грама путер

2 лажици мед

2 лажици млеко

½ пакување прашок за печиво или лажица сода бикарбона

150 грама шеќер

400 грама брашно

За фил

400 милилитри млеко

3 лажици гриз

140 грама шеќер

200 грама маргарин

1 лимон – Изрендана кора од 1 лимон

Мелени ореви

Во длабок сад на сосема ниска температура варете ги јајцето, медот, путерот, прашокот за печиво и шеќерот се додека прашокот и шеќерот не се стопат. Потоа смесата тргнете ја од оган. Веднаш додадете го брашното со постојано мешање за да формирате тесто.

Добиеното тесто поделете го во неколку деолови, се зависи од тоа колку сте вешти во подготовката!!! Се препорачува тестото да го поделите на 4 дела.

Секој дел од тестото посебно печете го на 180 степени целзиусови 15 до 20 минути.

Сварете го млекото, гризот и шеќерот за да добиете густ крем. Оставете го кремот да се олади и потоа изрендајте кора од 1 лимон и додадете го изматениот путер и се убаво измешајте.

Со овој фил филувајте ги корите, кора фил, кора фил, завршете со фил.

Одозгора посипете со мелени ореви, по желба можете да посипете 50 грама топено чоколадо.

Уживајте!!!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk