Направете пита која нема да бара од вас многу. Ова е мексичка пита која не треба да ја месите, тегнете… Едноставно и брзо, а неверојатно вкусно и пикантно.
Потребни состојки:
За кората:
– 6 шолји вода
– 2 шолји пченкарно брашно
– зачини
За слојот од месо:
– малку маслиново масло
– 600 гр мелено месо
– 2 млади кромидчиња
– 1 црвена пиперка
– 1 зелена пиперка
– 1 шолја пченка
– половина килограм домати исецкани
– 1 лажица мелен пипер
– зачин
– малку чили
За слојот од кашкавал:
– 2 шолји рендан тврд кашкавал
Напомена: шолјите се со мерка од 2,5 дл
Подготовка:
На загреаното масло ставете го кромидот и месото, пропржете ги додека месото не ја промени бојата. Потоа додајте ги пиперките, доматите, зачините и пржете уште 15 минути.
За тоа време сварете ја палентата. Во сад за печење ставете ред палента, ред месо со сосот во кој се пржеше, и одозгора ставете го сирењето. Печете во загреана рерна на 180 степени и печете половина час.