← НАЗАД НА БОЗА

Мексикански начос

Мексикански начос
501 Читања

Додадете нов вкус на помфритот!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

½ килограм компири, исечкани и испржени како за помфрит

250 гр грама кашкавал

5  парчиња сланина на ленти

Сос од домати

Павлака

1 лута пиперка

2 домати

3  млади кромитчиња

ПОДГОТОВКА:

Исечкајте ги на парчиња сланината, доматите, пиперката,  младиот кромид.

Компирите исечкајте ги како за помфрит и испржете ги.

Откако ќе ги испржите компирите, земете тава за печење која ќе ја обложите со хартија за печење. Во неа ставете го испржениот помфрит, па врз него претходно изренданиот кашкавал. Ставете да се пече околу 10 минути на 230 степени Целзиусови (додека се растопи кашкавалот).

Затоа време во тава запржете ги сланината, доматите, пиперката и младиот кромид.

Запечениот помфрит ставете го на чинија и врз него ставете ги пржените состојките од тавата. Финиширајте со павлаката или сос од домати.

Уживајте!!!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk