Мода

Металик модни комбинации за оваа пролет

Металик трендот, кој доминираше минатата година, добива нова примена во стајлизните оваа пролет. Налик на космонаутска облека, со сребрен сјај, едно од најносените парчиња за време на модните недели . Често се комбинирани со чизми или патики во ист тон.  Едно од најносените парчиња лани-сребреното здолниште  исто така наоѓа нова употреба, сега како детал во стајлингот, под долгите плетени џемпери или блузоните, а неретко и врз панталони и фармерки. Може да ги носите и со сега доста актуелните розови џемпери. Црните кожени јани може да ги замените со сребрени верзии, кои ќе може да ги комбинирате со својот омилен фустан за излегување, со хеланки и кошула, или пак со блузони и маички со принт. Истото може да се примени и со други форми на јакни, како бомбер-моделите или мантичите со волумен. Покрај здолништата актуелни се хеланките и панталоните во сребрена-металик боја. И тие лесно се спојуваат со сите сивкасти тонови, со црно, бело, и пастелни нијанси. Доколку вие пренападно носење на облека во сребрен тон, тогаш можете да изберете некој интересен детал, како накит, украс за на коса, или пак, сребрени може да бидат  модните додатоци  како чанта, ранец или чизми. Ви нудиме неколку стилски идеи од уличната мода како да комбинирате  металик сребрени парчиња.

novi srebreni idei5

novi srebreni idei4

novi srebreni idei9

novi srebreni idei8

novi srebreni idei7

novi srebreni idei6

novi srebreni idei10

novi srebreni idei1

 

Write A Comment