Децата кои се родени со царски рез имаат поголем ризик фактор за дебелеење, покажува најновата студија на породилиштето Swiss Society of Gynecology од Швајцарија, во која учествувале 1200 новороденчиња ( 600 родени по природен пат и 600 родени со царски рез).
Развојот на бебињата бил следен 5 години и за тоа време е утврдено дека над 60 проценти од новореденчињата со царски рез веќе во 3 година покажале знаци на дебелина во однос на 8 проценти кои се родени по природен пат.
Научниците сеуште не се сигурни и не ги утврдиле точните причини за ваквиот чуден феномен. „Ние сега само може да претпоставуваме кои се причините за ваквата драстична разлика во дебелењето помеѓу новороденчињата по природен пат и оние со царски рез. Ќе бидат потребни најверојатно уште 10 години да се дојде до вистинската причина за овој чуден и до сега неразјаснет феномен“- изјавуваат првите луѓе на Swiss Society of Gynecology.