Cafe Del Mar

Најделотворна диета: „Пијте“ овошје и зеленчук!

Еден од најлесните и најбрзи начини како да ослабнете и да го подобрите имунитетот  и да внесете доволно витамини, минерали и антиоксиданси е „пиењето“ на свежо овошје и зеленчук.

На овој начин го подобрувате метаболизмот, го чистите организмот од токсини, го регулирате нивото на шеќер во крвта и го ублажувате чувството на глад. Кај оваа диета е добро тоа што системот за варење не се оптоварува, а вие имате повеќе енергија и одлично се чувствувате.

Направете си свој микс од овошје и зеленчук, уфрлете ги во миксер и уживајте во вкусовите. Наш предлог е да испасирате три поголеми јаболки, два корени од целер и два портокали, а можете да направите своја комбинација со 1/4 главица црвена зелка, морков, лимета, ананас, јаткасто овошје.

Write A Comment