Диетата со јаворов сируп е идеална за намалување на телесната тежина и за прочистување на организмот. Кај оваа диета можете да ослабнете од 5 до 10 килограми само за 10 дена, поради активно намалување на масните наслаги и ефективното елиминирање на токсините од телото. Диетата со јаворов сируп може да ја применувате три до четири пати годишно. Има позитивен ефект врз кожата, косата, работата на дигестивниот систем, психичката и физичката состојба.
Во оваа диета главните оброци се заменуваат со специјално подготвен пијалок од јаворов сируп, лимонов сок и вода. За да го подготвите овој пијалок потребни ви се следниве производи:
*2 лажици јаворов сируп
*2 лажици свежо исцеден сок од лимон
* една штипка (1/4 лажица) ѓумбир во прав или лут црвен пипер за подобрување на метаболизмот и циркулацијата.
*300мл топла или ладна вода.
Сите состојки се мешаат до добивање на хомогена смеса.
За постигнување на посакуваните резултати треба да консумирате 6 до 12 чаши (2 до 4 литри) дневно од овој пијалок. Кога ќе почувствувате глад или слабост испијте една чаша. Со овој пијалок ќе го снабдите организмот со потребните за правилно функционирање витамини и минерали.Отсуството на протеини во текот на диетата ќе го зајакне исфрлањето на токсините од организмот.
Запомнете дека за време на диетата со јаворов сируп не треба да консумирате никаква друга храна. Ако почувствувате потреба можете дополнително да пиете чај од нане или негазирана вода. Кога ќе завршите со диетата треба да обрнете внимание на исхраната во наредните 3 дена. Префрлувањето на нормална исхрана треба да биде постепено, почнувајќи со мали количини лесно сварлива храна.