Motherhood

Најдобрата возраст за да станете мајка, според науката

Раѓањето и одгледувањето дете е скапоцен животен момент што носи среќа, но и многу предизвици и грижи, без разлика на возраста. Дали сте се запрашале кое е вистинското време да се остварите како мајка? Новото истражување покажува дека забременувањето по 35-годишна возраст има свои предности.

Просечната возраст на жените кои стануваат мајки за првпат оди нагоре. И ова не е тренд, жените во 30-тите и 40-тите години се чувствуваат побезбедни и порешени да станат мајки, со оглед на тоа што се посигурни во нивните врски и кариерата.

Историски гледано, бременоста по 35 година од животот се смета за ризична. Но, науката откри нови бенефити поврзани со подоцнежната бременост.

Претходно е докажано дека со добивање бебе по 35 година се продолжува животниот век на жената, а според неговата студија извршена од Универзитетот во Јужна Каролина, раѓањето дете по 35-годишна возраст ги подобрува менталните способности на мајката.

Во студијата учествувале 830 жени, а резултатите покажале дека жените кои го имале првото дете по 24 година подобро минале на менталните тестови, решавање проблеми и вербални вештини за разлика од жените кои родиле на возраст меѓу 15 и 24 години. Жените кои родиле по 35 година имале подобра вербална меморија и познание. Научниците нашле поврзаност со хормоните естроген и прогестерон во текот на бременоста, откриено е дека имаат позитивно влијание на мозочната хемија и функција, особено кога последната бременост се случува на подоцнежна возраст.

Никогаш не е лесно да решите во кој период од животот  е идеално за бебе, а бременоста има мани и предности на секоја возраст. Најважно е да се консултирате со доктор, за да биде бременоста што поздрава, пишува Bright Side.

Напиши коментар