Најголемата грешка која ја правиме за време на слабеењето е држењето диета, смета лондонскиот нутриционист David Warburton. Според него, секоја диета е своевиден влез за пореметување во исхраната…Сепак, како да го одбереме „најдоброто зло“ ?
Листа на најлоши диети:
1. Диета со „чудотворни“ прашоци – Не развива здрав однос спрема исхраната, старите навики се зачувани, а тоа значи дека повторно се претерува со вкусовите на ванила, чоколадо, јагода…
2. Макробиотички диети – Често доаѓа до нагло губење на тежината, анемија, слаба концентрација, отпорност на организмот. Кратко речено, организмот не добива доволно протеини…
3. Моно диети – Базирани се на намирници кои се богати со калиум – јаболко, ориз, лубеница, грозје, супа… Благодарение на нив, брзо губиме вода, но не и масти. Со следниот внес на нормален оброк, водата се задржува во телото и тоа во два пати поголемо количество.
Средно успешни диети:
1. Аткинсова диета ( диети кои се базираат на протеини ) – Доста се успешни за започнување на процесот на слабеење. Организмот веќе после седмиот ден почнува да ги користи масните наслаги, стручно кажано, се случува бета оксидација. Меѓутоа, постои опасност од зголемување на холестеролот, се зголемува ризикот за заболување од гихт, има недостаток од витамини и минерали.
2. Диета според крвната група – Средно успешна диета, бидејќи од исхраната се исфрлаат одредени намирници и доаѓа до губење на тежината. Меѓутоа, научно не е докажана и не делува успешно кај сите.
3.Месечева диета – Иако понекогаш е корисна поради опоравување и прочистување на организмот, начелно, со неа ништо не се постигнува, само се зголемува можноста за успорување на метаболизмот и се исфрла непотребната вода од организмот.
Усшешни диети:
1.Fit for fun – Диетата се базира на овошје, зеленчук, одвојување на протеините и јаглехидратите. Начелно, во оваа диета сé е природно, непреработено, во мали количини и правилни интервали. Недостаток е внесувањето на месо и млеко…
2.Холивудска диета – По правило, се јаде сé, само во помали количини. Нагласок имаат намирниците богати со вода, витамини и минерали.
Најуспешната диета ( која повеќе е начин на исхрана ):
1.Медитеранската диета – здрава, вкусна и интересна. Содржи многу овошје, зеленчук, риба, месо, зачини, маслиново масло, сирење, непреработени и здрави намирници.
