Cafe Del Mar

Најефикасна диета за рамен стомак

Стомакот е една од најпроблематичните зони кај мажите и жените, во која се таложат масните наслојки. Велат дека салото многу лесно се „лепи“, но тешко се „одлепува“. Сепак постои начин како да дојдете до рамен стомак. Покрај редовните физички вежби за стомак, неопходно е да ја коригирате и исхраната. Еве како:

Појадок: чаша мусли прелиени со млеко
Ужина: суви бадеми, ореви, лешници до 50 грама.
Ручек: за ручек може да се јаде месо во неограничени количини, но да се внимава месото да биде без маснотии (риба, пилешко без кожа, телешко, јагнешко, а од свинско само кременадли без маснотии). Месните преработки треба да се избегнуваат. Покрај месо, дозволено е и едно парче интегрален или ’ржен леб. Месото може да се приготви на кој било начин, но настојувајте да избегнувате пржење.
Ужина: едно јаболко, круша, праска, јагоди, малини и сл. Избегнувајте банани.
Вечера: бистра супа од зеленчук без тестенини,сардина или туна од која ќе го исцедите маслото, парче интегрален леб. Може и супа од зеленчук без тестенини, чаша јогурт, парче интегрален леб или, пак, супа од зеленчук без тестенини, две варени јајца, домат.

Заради физичките вежби (кои се задолжителни), пожелно е дополнително да се внесуваат витамини и минерали во форма на таблети.

Совети што се многу важни:

–       Не јадете барем три часа пред спиење!

–       Избегнувајте слатки и грицки.

–       Не пијте пиво, газирани сокови и зашеќерени пијалаци.

–       Не јадете бел леб.

Write A Comment