Motherhood

Најлуди стравови кои ги мачат мајките… но не и татковците !

Мажите и жените тешко се сложуваат и помируваат околу многу работи, но кога станува збор за родителството… тогаш работите стануваат покомлицирани!!!

Секако дека татковците се грижат за своите деца… Дали се доволно безбедни ? Дали се премали да гледаат одредени филмови? … тоа се стандардните стравови низ кои поминуваат сите родители. Но над сите тие стравови, мајките имаат некои малку „почудни“ стравови.

Јавни тоалети

Доколку е многу валкан одат во друг, доколку е валкан ставаат малку WC хартија на даската и спремно е за користење од страна на нивното дете. Така тоа го прават татковците. Но за мајките тоа е огромен проблем. Тоа ќе го сторат така само доколку ситуацијата е екстремна но по добра стерилизација, особена ако станува збор за женско дете. Повеќе се спремни да си ја „скршат“ кичмата, придржувајќи го детето, отколку да го однесат во јавно WC. На мажите ова никогаш нема да им биде јасно !!!

Вошки

Веднаш штом детето се почеша по главчето, мама секогаш паничи… за тато тоа е последната работа на која ќе им текне!!!

Синдром на празно гнездо

Децата еден ден ќе си одат од дома, поточно ќе го напуштат домот. Мајките ги спремаат своите деца уште од мали за тој момент, како тие би биле спремни да се справат со предизвиците. За татковците најверојатно е побитно што, кога нивните деца ќе пораснат ќе имаат поголем телевизор, подобра технологија…

Да ги остават децата со таткото

Многу мајки имаат чуден страв и обичај постојано да вртат на телефон, кога нивните деца се излезени или пак ги чува нивниот татко. Но истите треба да бидат сигурни дека се е во ред, доколку нешто не чини, тогаш со сигурност тато прво на Вас ќе Ви се јави !!!

И татковците имаат стравови !!!

Веројатно еден од најголемите и најнеоснованите стравови на татковците е тоа нивниот син никако да не смее да си игра со барбики… не дека има нешто лошо во тоа, меѓутоа …

Напиши коментар