Убавина

Најнов тренд – коса која свети во темница

Досега видовме секакви трендови на фризури, од омбре, до виножито, па дури и фризури во форма на новогодишна елка, но овој тренд навистина стана многу популарен бидејќи е навистина необичен. Замислете Вашата коса да свети во темница!

Оваа фризура е креирана од Гај Танг, кој ѝ овозможува на Вашата коса буквално да свети во темница. Овој изглед не е лесно да се постигне, па затоа можат да го направат само професионалци. Погледнете како оваа фризура изгледа и сигурно ќе си помислите дека е необично, интересно и чудно!

Погледнете го и видеото, во кое е прикажано како Гај ја бојадисува косата, како успева да направи таа да свети во темница и какви се резултатите.

Напиши коментар